
Во емисијата беше објаснето и како позицијата на Месечината во различните куќи од наталната карта влијае врз животот на човекот.
Во првата куќа носи чувствителност, харизма и поврзаност со луѓето, додека во втората може да донесе променлива финансиска состојба. Во третата куќа се поврзува со комуникацијата и интелектот, а во четвртата – со домот и семејството, каде се чувствува најсилно.
Петтата куќа ја поврзува Месечината со љубовта и децата, шестата со здравјето и работата, а седмата со партнерските односи и бракот. Во осмата куќа може да донесе силни емоционални кризи, но и трансформација.
Деветтата куќа ја поврзува со образование и странство, десеттата со кариера и јавност, единаесеттата со пријателства и желби, а дванаесеттата со подсвеста, интуицијата и духовноста.
Астролозите потенцираат дека толкувањето на Месечината не е едноставно и зависи од повеќе фактори – знакот, аспектите и целокупната натална карта.
Емисијата заврши со порака дека астрологијата не дава конечни одговори, туку насоки за подобро разбирање на себе и сопствениот живот.


