Арнолд Шварценегер е снимен на улиците на Њујорк во божиќното издание. За потребите на снимањето на The Man with the Bag тој се трансформира во Дедо Мраз, а тоа е и неговиот лик во филмот.
Носеше бело-црвен божиќен елек, шарена капа и црвен капут. Впечатокот на Дедо Мраз го засили со густата сива брада и веѓите.
Сцените на актерот во празничното издание набргу се проширија на социјалните мрежи. На „Икс“ се појави видео од Шварценегер како оди кон сетот со натпис покрај објавата дека изгледа како да „остарел 200 години за 2 месеца“.
Arnold Schwarzenegger fans are saying that the actor has ‘aged 200 years in 2 months’ after being spotted in New York surrounded by five bodyguards. Looks like Santa Claus to me! 🤣 pic.twitter.com/2ctil4St1I
— Johnny Midnight ⚡️ (@its_The_Dr) December 17, 2024
„Овој нов модел на Терминатор има моќ да ви се спушти од оџакот“, коментира човек на социјалните мрежи.