Најдобриот лек против мамурлак е едноставен – воздржувајте се од големи количини на алкохол. Иако ова звучи како шега, тоа е вистина. Но, празничните денови носат вкусна храна, пријатни моменти и често повеќе алкохол од вообичаено. Среќа е што постојат начини да ги намалите непријатните последици како главоболка, мачнина, омалаксаност и вртоглавица.
Пред да пиете:
- Никогаш не пијте на празен стомак. Јадете оброк богат со јаглени хидрати (тестенини, ориз) или масти. Храната ја забавува апсорцијата на алкохолот.
- Пијте полека и во умерени количини.
- Хидратација е клучна. Меѓу секој алкохолен пијалок, испијте чаша вода или сок. Избегнувајте газирани пијалоци бидејќи тие ја забрзуваат апсорцијата на алкохол.
- Пред спиење: Наполнете чаша вода и оставете ја покрај креветот – ќе ви биде потребна во текот на ноќта.
Утро по пиење:
- Главоболка? Веројатно не сте ги примениле сите совети. Заборавете на методот „клин со клин се избива“ – тоа само ќе ги влоши симптомите.
- Започнете со детоксикација. Пијте многу вода за да ги надоместите изгубените течности.
- Избегнувајте лекови со ацетаминофен. Овие лекови во комбинација со алкохол можат да го оштетат црниот дроб.
- Чорба и свежи сокови. Лесна чорба од зеленчук ќе го смири стомакот, а соковите ќе ви ги вратат витамините.
- Одморете. Телото има потреба од време за да се опорави. Лекарите препорачуваат барем 48 часа одмор пред следното пиење.
Уживајте во празниците, но не заборавајте дека умереноста е најдобар сојузник против мамурлак!