Skip to main content
Магазин

Како да ја чувате лубеницата за да ги задржи сите витамини и антиоксиданси?

05/07/2025  12:55

Лубеницата е омилен летен освежител со висока содржина на вода – дури 92%, што ја прави идеална за хидратација во топлите денови. Покрај тоа, ова овошје е богато со антиоксиданси и антиканцерогени состојки, ги подобрува здравјето на срцето и го намалува воспалението и стресот.

Многумина се соочуваат со предизвикот како најдобро да ја чуваат лубеницата, особено поради нејзината тежина и големина. Вообичаено, луѓето ја ставаат во фрижидер за да ја оладат, но најновите истражувања покажуваат дека тоа може да го намали нејзиниот нутритивен потенцијал.

Серија од 14-дневни тестови врз лубеници покажале дека оние чувани на собна температура од 21 степен имаат поголема хранлива вредност од оние кои се чуваат на пониски температури, како 12 или 5 степени Целзиусови. Истражувањата укажуваат дека лубеницата по берењето продолжува да произведува хранливи состојки, а ладењето само го забавува овој природен процес.

Токму затоа, најдобро е лубеницата да се чува на собна температура, а да се лади непосредно пред консумација, за да ги задржи сите здравствени придобивки и вкусот.

Во летните денови, освежете се со лубеница, но бидете внимателни како ја чувате – за да ја извлечете максималната корист од ова слатко и здраво овошје.