Skip to main content
Македонија

Каја Калас : ЕУ ја споделува болката со народот на Северна Македонија

16/03/2025  12:53

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во објава на Икс изрази „длабоко жалење“ поради трагедијата во Кочани.

– Длабока жалост за трагичниот пожар, кој однесе премногу млади животи во Кочани – наведе Калас во објавата.

Таа изрази сочувство до „сите погодени од оваа трагедија“, а на повредените им посака брзо закрепнување.

– ЕУ ја споделува тагата и болката на народот во Северна Македонија – додаде Калас.

Претходно, „длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и сочувство за жртвите изрази и еврокомесарката за проширување Марта Кос.