Skip to main content
Хроника

Кај петмина скопјани пронајдена е дрога – полицијата ги уапси

13/06/2025  14:01

На 12.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.М.(37), И.Ц.(24), Б.С.(21), А.З.(28), сите од Скопје, и П.С.(19) од с.Волково, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја, стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.