
Денеска полицијата од Демир Хисар го уапсиле 62-годишниот М.С. од с.Обедник, демирхисарско поради поседување нелегално оружје и муниција.
„Врз основа на наредба од Основен суд Битола извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.С. во с.Обедник, при што биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар“, се вели во извештајот на МВР.
Од тау посочуваат дека по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.