Skip to main content
Хроника

Кај 60-годишник во Чаир пронајдени 14 тегли и една кеса со марихуана

04/04/2025  14:50

На 03.04.2025 во 18.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Т.(60) од Скопје.

MK Summit

При извршен претрес во неговиот дом и подрумски простории на подрачјето на Чаир, а по претходна наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени дигитална вага и 14 тегли и една кеса со марихуана, со вкупна тежина од еден килограм и 780 грама.

По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка по чл.215 од КЗ.