Skip to main content
Фудбал

Каират, Бодо-Глимт и Пафос се новите учесници во Лигата на шампиони 2025/26

27/08/2025  10:17

По одигрувањето на три реванши од плејофот, синоќа станаа познати уште три екипи кои обезбедија место во фудбалската Лига на шампиони 2025/26. Сега бројот на тимови со сигурно учество во елитното натпреварување изнесува 32.

Синоќа влез во ЛШ изборија Каират од Казахстан, Бодо-Глимт од Норвешка и Пафос од Кипар. Последните четири екипи кои ќе се приклучат на Лигата ќе бидат познати вечерва.

Претходно, директни билети за генералната фаза обезбедија: Тотенхем, Ливерпул, Арсенал, Манчестер Сити, Челзи и Њукасл (Англија); Наполи, Интер, Аталанта и Јувентус (Италија); Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Атлетик Билбао и Виљареал (Шпанија); Баерн Минхен, Баер Леверкузен, Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд (Германија); Пари Сен Жермен, Марсеј и Монако (Франција); ПСВ и Ајакс (Холандија); Спортинг (Португалија); Унион (Белгија); Галатасарај (Турција); Славија (Чешка) и Олимпијакос (Грција).

Генералната фаза на Лигата на шампиони 2025/26 започнува на 16 септември и ќе трае до 28 јануари. Плејофот е закажан да започне на 17 февруари, а финалето ќе се игра на 30 мај во Будимпешта.