Skip to main content
Балкан

Kаде е Вучиќ додека се подготвува најголемиот протест против него?

15/03/2025  11:09

Додека студенти и граѓани се собираат во центарот на Белград за да одржат голем протест со колегите студенти, српскиот претседател Александар Вучиќ замина на другата страна на градот. Вучиќ го посети градилиштето во Сурчин каде ќе се одржи ЕКСПО 2027.

„Луѓето сонуваат различни соништа. Сакам Србија која се гради, Србија која напредува, Србија која победува. „Србија ќе победува денес и секогаш“, се вели во описот на оваа објава.

Во Белград денеска се одржува голем студентски протест. Централниот митинг ќе започне во 16 часот пред Собранието на Србија, додека собирот на граѓаните ќе започне неколку часа порано на различни локации во српскиот главен град.