Skip to main content
Спорт

Кацигата на Аиртон Сена продадена за рекордна цена на аукција

30/04/2025  13:38

Кацигата на трикратниот шампион во Формула 1, Аиртон Сена, е продадена на аукција од „RM Sotheby’s“ за рекордна сума, пишува „The Athletic“.

MK Summit

Кацигата на Бразилецот достигна вредност од 965.000 долари. Тој ја носеше на Големата награда на Белгија во 1992 година.

Претходниот рекорд беше поставен со продажбата на кацигата на актуелниот возач на Ферари, Шарл Леклер, која достигна цена од 352.000 долари во 2023 година.

Сена загина трагично во несреќа на Големата награда на Сан Марино во Имола во 1994 година.