Skip to main content
Хроника

Кабли вредни 200.000 евра украдени од објект во изградба, осомничен вработен во обезбедување

11/02/2026  17:39

Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од околу еден месец биле одземени бакарни кабли со вкупна должина од два километри и проценета вредност од околу 200.000 евра.

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, го лишиле од слобода Т.М. (68) од Скопје, кој бил вработен како обезбедување на објектот.

Од страна на увидна екипа на СВР Скопје бил извршен увид на местото на настанот, а полицијата продолжува со преземање мерки за целосно расчистување на случајот. По неговото документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.