Skip to main content
Свет

Кабина од жичара падна во провалија – има мртви и повредени

17/04/2025  21:23

Во Италија дошло до несреќа кога кабелот на жичарницата Монте Фаито во Кастеламаре ди Стабија, во близина на Неапол, денеска се откачил од системот и една од двете кабини паднала во провалија.

Според порталот Corriere della Sera, во кабината имало пет лица – четворица патници и операторот на жичарницата. Загинаа четири лица повредени, а потрагата по петтото е во тек.

Горната станица на жичарницата е тешко забележлива поради маглата. Пожарникарите се обидуваат да стигнат до кабината.

Во долната кабина се наоѓале уште 11 лица. По дефектот биле спасени од пожарникари кои со помош на јажиња и сигурносни појаси ги спуштиле на земја. Меѓу нив нема повредени. Жичарницата Фаито им овозможува на патниците да стигнат до врвот на планината за осум минути, почнувајќи од станицата Circumvesuviana.