Skip to main content
Македонија

Kонститутивна седница на Советот за безбедност

04/11/2024  10:14

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност, што ќе се одржи денеска, 4 ноември 2024 година, понеделник, со почеток во 15:00 часот.

Членови на Советот за безбедност се Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.

На седницата, покрај членовите на Советот на безбедност, на покана на претседателката Сиљановска Давкова ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.