
Јужноафриканскиот амбасадор во Франција, Нати Мтетва, е пронајден мртов пред еден хотел во Париз, соопшти денеска француското обвинителство. Извори блиски до случајот наведуваат дека најверојатно станува збор за самоубиство.
Според првичните информации, 58-годишниот дипломат бил во депресија и можно е самиот да си го одзел животот. Тој имал резервирано соба на 22. кат од хотелот, а прозорецот бил насилно отворен, соопшти обвинителството.
Телото на Мтетва, близок пријател на поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума, било пронајдено пред хотелот. На местото излегол дежурен судија, а истрагата ја води специјалната единица за сузбивање на злосторства против личности.
Неговиот исчезнување во понеделникот го пријавила сопругата, која изјавила дека претходно добила вознемирувачка порака од него.