
Поп пејачката Тамара Тодевска денес го прославува јубилејниот 40-ти роденден, но дури ниту за роденденот не може да земе пауза од работните обврски, па така таа попладнево пред фановоте настапи на прекрасниот Козјак.
Фановите, најблиските од семејството и пријателите како и љубениот ја поддржаа на овој специјален ден за неа и заедно ги испејаа нејзините најпознати хитови, но не заборавија ниту да и донесат куп букети со цвеќиња и денот да и го направат уште поспецијален.
Поп дивата на социјалните мрежи сподели повеќе фотографии од настапот, но покажа дека биле присутни и нејзините дечиња, мајка и татко како и речиси на сите други настапи во земјава.