
Градскиот мешан хор „Вардар“ вечер ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба за самостојност. Се работи за завршен концерт од проектот „Од Вардар за Вардар“ по повод 25-годишниот јубилеј.
Како гости на концертот ќе настапат: Градскиот камерен хор „Астибо“ –Штип и Градскиот мешан хор „Балтепе“ –Тетово. Диригенти на концертот ќе бидат Јасмина Ѓорѓеска – Каро и Ивана Јанков, а како пијано придружба ќе настапи Андреј Наунов.
Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје во изминативе 25 години во континуитет и со голем ентузијазам неуморно работи и ја презентира хорска музика, како во нашата земја, така и во странство постигнувајќи успеси и добивајќи значајни награди и признанија.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија.

