Skip to main content
Скопје

ЈСП утре ќе вози по друг возен ред

23/05/2025  14:16

Од ЈСП Скопје известуваат дека утре, сабота (24.05.2025 год), поради државниот празник „Св.Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

За време на викендот, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.

Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.