Skip to main content
Скопје

ЈСП Скопје воведе онлајн надополнување на картичките „Скопска“

23/02/2026  19:00

Патниците во ЈСП од денес можат со неколку клика онлајн да ја надополнат својата картичка „Скопска“ со нови билети или со парични средства.

Новата функционалност е достапна преку официјалната веб-страница skopjebus.mk, што овозможува брзо и едноставно користење на услугите без потреба од физичка посета на продажно место.

Од ЈСП Скопје соопштуваат дека ова е голем чекор напред кон модернизација на нивните услуги:

„Имаме одлична новина за сите патници. Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ директно преку нашата официјална веб-страница — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути“.

Целата постапка е дизајнирана да биде максимално едноставна за корисниците. Треба само да се пристапи на порталот, да се избере опцијата „Надополни картичка“ и да се внесат потребните податоци за трансакцијата.

Патниците можат сами да одберат дали ќе додадат конкретен број на билети или пак ќе стават одреден износ на средства на својата картичка.

Новата услуга е веќе активна и достапна за користење на следниот линк: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load.