Skip to main content
Скопје

ЈСП: Проблемите со годишните инвалидски билети да се решат во најблиската билетара

15/01/2026  16:37

Дел од корисниците на годишните инвалидски билети во изминатиот период се соочиле со тешкотии при валидацијата на картичките во возилата на ЈСП.

По повод овие проблеми, од ЈСП денеска информираа дека сите корисници кои имаат потешкотии со валидацијата треба веднаш да се обратат до најблиското продажно место на ЈСП Скопје. Таму, на билетарниците, ќе може да се изврши активација и регистрација на годишниот билет за 2026 година.