Skip to main content
Скопје

ЈСП (почна) да ја одржува хигиената во авотбусите – апелираат да внимаваат и патниците!

30/05/2025  12:41

Со зголемен интензитет, ЈСП Скопје работи на одржување на чистотата во автобусите (редовна дезинфекција и чистење на држачи, седишта и прозори), споделуваат од ЈСП Скопје во својата Фејсбук објава.

Како што велат во објавата, целта на оваа активност е подигнување на свеста за важноста на хигиената и чистотата во јавниот превоз, особено во автобусите.

„Замолуваме за поголема инволвираност на патниците, поттикнување на јавната свеста за чувство на одговорност и колективна грижа за јавниот превоз, со што ќе придонесеме за почиста, поздрава и поудобна околина“, побараа ЈСП Скопје.

Корисниците на јавниот транспорт често се жалат на нехигиена во автобусите на ЈСП. Но, неретко се среќаваат хартии и празни шишиња оставени меѓу седиштата, а пораките и цртежите на задната страна на седиштата се посебна приказна. За тоа секако одговорни се несовесните граѓани.

Но, вистина е дека секој автобус не се чисти по секое завршување на работниот ден, па и на првото возење патниците зачекуваа правлив и нечист автобус.