
ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред во идните три дена од продолжениот викенд поради празникот Рамазан Бајрам.
„Во петок (20.03.2026 год.) и недела (22.03.2026 год.) дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар.Во сабота (21.03.2026 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време (во две смени од 08:00 – 18:00 часот, и тие што работат во една смена од 08:00 – 18:00 часот). Жичницата за време на продолжениот викед ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот“, стои во соопштението од ЈСП Скоппје.


