![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/10/JSP.webp)
Бесплатниот јавен превоз за студенти официјално ќе продолжи од први јануари, информираа попладнево од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје) за Мета.мк.
Освен студентите, одлучено е дека се продолжува бесплатниот јавен превоз и за пензионерите.
„Ќе продолжиме да ги заверуваме билетите за студентите и пензионерите. ЈСП Скопје ќе ја продолжува важноста на картичките и за наредната година“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека денеска ќе испратат допис до центрите за персонализација на ЈСП оти билетите за овие две категории корисници на јавен превоз ќе може да се продолжуваат.