ЈП Македонија пат информира дека сите патни правци во државата се проодни. Како што велат во соопштението целокупната меганизација и работна сила е е вклучена во расчистување на патиштата,
„Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег после нашата интервенција. Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме како навремено би се справиле со снежните наноси, стои во соопштението.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот може да се добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502“, се додава во соопштението.