
Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со замена на дотраените пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри. На локациите каде што досега се употребуваа стари и дотраени садови, се поставуваат сосема нови садови наменети за одлагање на комуналниот отпад.
Досега се заменети контејнерите на 20 локации во следните скопски општини: Ѓорче Петров – на улиците Васил Чакаларов, Ѓорче Петров и Никола Пушкаров; Карпош – на улицата Рузвелтова; Центар – на булеварите Митрополит Теодосиј Гологанов и Партизански одреди и улиците Орце Николов и Кочо Рацин; Чаир – на булеварите Филип Втори и Крсте Петков Мисирков и улицата Џон Кенеди.
ЈП Комунална хигиена-Скопје и во претстојниот период ќе продолжи со активностите за замена на старите пластични контејнери во сите скопски општини.