Skip to main content
Скопје

ЈП Комунална Хигиена отстрани обемна дова депонија во наслебата Серава

24/01/2025  13:41

Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија обемна дива депонија лоцирана во скопската општина Чаир. Интервенирано е во населбата Серава, каде што се подигнати и транспортирани приближно 35 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложени на јавна површина.

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата година се соочи со зачестена појава на таканаречените „црни точки“ – локации каде што континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. Од овие причини, Претпријатието воведе и интервентни патролни дежурства на Еко-патролата, којашто во периодот јануари-декември 2024 година изготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при непрописно одлагање отпад.