
ЈП Дрисла најостро ја осудува и демантира лажната вест “Ноќеска гореше и Дрисла” која вчера беше лиферувана од политички центри на моќ за дефокус од нивните скандали, кога всушност никаков пожар вчера немаше, соопштија денеска од ова Јавно претпријатие.
„ЈП Дрисла каде имаше обид за потпалување голем пожар пред 2 дена, со сопствени ресурси и со огромен труд од страна на Противпожарната бригада Скопје се справи со пожарот. Од тогаш состојбата е стабилна, а вчера низ јавноста беше лиферувана вест дека повторно горело во Дрисла, што е обид за дефокус од скандалот во Трубарево кој можеше да биде повторување на трагедијата во Кочани поради неспособноста и системските недостатоци на одредени институции“ се наведува во реакцијата.