Skip to main content
Македонија

Јовановски: Битка на чесните против нечесните – последната шанса за земјава

23/03/2025  11:05

Во својот најнов фејсбук статус, Зоран Јовановски напиша: „Ова е битка на чесните против нечесните“. Со оваа порака, тој ја изместува долгогодишната перцепција дека борбата против корупцијата е само партиска пресметка. Напротив, Јовановски ја поставува во поширок контекст – како судир помеѓу оние што се залагаат за чесност, правда и функционален систем и оние што профитираат од хаосот, безредие и корупција.

Но, оваа битка, според него, нема да биде лесна. Нечесните имаат моќ, ресурси и влијание, кои ќе ги користат за да ја задушат секоја иницијатива за реформи. Ќе се обединат, без разлика на партиската припадност, бидејќи ги поврзува заедничкиот интерес – зачувување на привилегиите и системот што им овозможува неказнето да ја злоупотребуваат државата.

„Маневарскиот простор на нечесните се стеснува од ден на ден. На крајот, на изненадување на нечесните, чесните ќе победат! Мораме да победиме. Затоа што сме побројни и затоа што ова е последната шанса за земјава,“ заклучува Јовановски во својот статус.