Skip to main content
Скопје

Јовановска: Деструктивна матрица на “мој” и “твој” човек го врати Скопје децении назад

24/10/2025  12:02

Соопштение на Левица:

Збор-два околу “стабилното” мнозинство во Советот 

Читам, самопрогласениот иден градоначалник на Скопје (кој впрочем велеше дека ќе победи уште во првиот круг) тврди дека ќе има стабилно мнозинство во Советот на Град Скопје или сака да каже дека одлуките во Советот ќе поминуваат “глатко” и нема да се ” кочат”.

За да има мнозинство во Советот потребни се 23 советници, што значи советниците на ДПМНЕ ќе мора да коалицираат со уште некој, затоа што освоија 18 советници  и најверојатно тоа ќе биде ВРЕДИ кој има 6 советника, со што би имале 24 гласа или поточно мнозинство.
Значи сами немаат мнозинство, а уште помалку стабилно.

Е сега, ДПМНЕ освоија 18 советника и во 2021г. за  потоа двајца советници да  им одметнат, со што останаа 16.

Исто така, ја расипаа “калимерата” и со градоначалничката Арсовска, која беше нивен кандидат за градоначалник и со која заедно ветуваа нови автобуси,  бесплатен јавен превоз и “Модерно Скопје”.

Имајќи ги предвид овие случувања,  се поставува прашањето: можат ли ДПМНЕ со сигурност да гарантираат дека од овие 18 советници нема да им се одметне ниту еден или дека нема можеби и со овој градоначалник или коалиционен партнер да ја расипат ” калимерата” па Скопје пак да биде заложник на нивниот инает?! 

Од друга страна пак, најголемо шират информации дека доколку победи Амар, нема да може да направи ништо,  зошто Левица има 6 советници и нема мнозинство во Советот.

Е сега да прашам: Зошто советниците на ДПМНЕ би гласале за одлуки кои се добри за Скопје и граѓаните на Скопје само ако се поднесени од “нивен” градоначалник?

Нели би било подобро наместо наш и ваш градоначалник,  да размислуваме како заеднички да го направиме Скопје поубаво?

Да не водевте деструктивна политика на наш и ваш градоначалник,  до сега, не само што ќе имавме нови автобуси,  туку немаше ниту Скопје да се гуши во смет, а може и ќе се направеше некој капитален проект.

Или со други зборови, имавте и мнозинство во Советот ( заедно со коалиционите партнери) и градоначалник и до сега, но вие решивте да ја саботирате работата и на Советот и на градоначалникот.

Затоа, бидејќи политичката сцена веќе не е иста и нема ни да биде, бидејќи народот го напушта бипартискиот ” Курто и Мурто”  систем , најдобро би било да излезете од деструктивната матрица на ” мој ” и ” твој” човек  која Скопје го врати децении назад и почнете да се однесувате како совесни граѓани кои имаат обврска и должност кон овој град!