Skip to main content
Спорт

Јокиќ брилијантен, Денвер Нагетс повторно поразен

07/04/2025  10:16

Денвер загуби од Индијана 120:125 и покрај тоа што Никола Јокиќ одигра уште еден маестралнен натпревар. Српскиот центар го забележа 32.трипл-дабл во сезоната и сега е единствен со ваков учинок во една сезона, кога станува збор за високите кошаркари. На листата го мина легендарниот Вилт Чембрлен.

Актуелниот МВП, Никола Јокиќ, натпреварот го заврши со 41 поен, 15 скока и 13 асистенции. Кристијан Браун постигна 30 поени, осум скока и четири асистенции, Расел Вестбрук 16 поени, пет скока и четири асистенции, а Мајкл Портер 15 поени, шест скока и четири асистенции.

Индијана ја предводеа Мајлс Тарнер со 24 поени и Оби Таупин, кој само вторпат сезонава беше стартер со 22 поени. Ендрју Нембхард додаде 19 поени и шест скока, а Тајрис Халибартон девет поени и 14 асистенции.

Денвер моментално е четврти на Западот со скор 47-32, додека Индијана е на истата позиција во Источната конференција со скор 47-31.

НБА, резултати:

Шарлот – Чикаго 117:131
Бруклин – Торонто 109:120
Оклахома – ЛА Лејкерс 99:126
Портланд – Сан Антонио 120:109
Кливленд – Сакраменто 113:120
Бостон – Вашингтон 124:90
Атланта – Јута 147:134
Њујорк – Феникс 112:98
Денвер – Индијана 120:125
Голден Стејт – Хјустон 96:106
Њу Орлеанс – Милвоки 107:111