Skip to main content
Македонија

Јавна расправа за „Нацрт-Национална стратегија за превенција и заштита од родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026-2033“

07/04/2026  08:14

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на чиј дневен ред е Јавната расправа на тема: „Нацрт-Национална стратегија за превенција и заштита од родово-базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026-2033“. 

На јавната расправа, покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, поканети се претседателот, потпретседателката и сите пратеници, генералната секретарка на Собранието, претседателката на Републиката, претставници на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за правда, Министерството за образование и наука, ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје и ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, Интерресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите, комисиите за еднакви можности на жените и мажите на единиците на локалната самоуправа, Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, Академијата за судии и јавни обвинители, Народниот правобранител, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Институтот за родови студии, меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (Un Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, ДЦАФ-Центар за управување со безбедносниот сектор – Женева-подружница Скопје, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија во земјава и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

» » » Нацрт-национална стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026 – 2033