Skip to main content
Македонија

Јавна дебата на Универзитетот „Мајка Тереза“ за предлог-законот за високото образование

18/02/2026  08:31

Јавна дебата за предлогот за нов закон за високото образование ќе се одржи денеска попладне на  Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Ова е една од серијата дебати кои, според најавата на министерката, ќе се одржат на универзитетите во државата за да се слушне мислењето на професорите за предложениот закон.

Тој е поставен и на Националниот регистар на прописи (ЕНЕР) за предлози и сугестии, а МОН отвори и посебни е-адреси на кои заинтересираните може да праќаат коментари во врска со овој закон и за предлог-законот за квалитет во високото образование, кој е исто така на ЕНЕР. 

Министерката Јаневска пред три дена најави дека МОН ќе има средба со сите професори што ќе сакаат да присуствуваат на јавната расправа, каде што ќе бидат дискутирани спорните членови.