Skip to main content
Магазин

„Јас не сум за борби. Јас сум за гушкање.” – Кампања за рушење на предрасудите кон питбулите

14/07/2025  12:32

ЈП Лајка ја започнува својата нова кампања со силна порака која има за цел да ја смени општествената перцепција за една од најстигматизираните раси на кучиња – питбулите.

Кампањата, симболично насловена „Јас не сум за борби. Јас сум за гушкање.”, е емотивен повик за подигање на свеста и рушење на длабоко вкоренетите предрасуди. Таа ги претставува питбулите онакви какви што навистина се – чувствителни, лојални и подготвени за љубов, не за насилство.

Во рамки на кампањата, ќе бидат објавени фотографии со питбулите сместени во јавното прифатилиште – кучиња кои предолго се жртви на погрешни сфаќања.

Тие не се родени за борби. Тие се родени за блискост, за семејство, за гушкање.

Секое животно заслужува фер шанса. Питбули се докажани како питоми и приврзани пријатели кои со години чекаат некој да ги види онакви какви што навистина се.

Со оваа кампања од ЈП Лајка повикуваат:

  • јавноста да ги погледне овие прекрасни кучиња низ поинакви очи,
  • медиумите да помогнат во рушењето на стигмата
  • семејствата да отворат срце и дом за љубов, не за предрасуда.