
На вчерашното 28мо издание на најпопуларната манифестација во Македонија, Златна Бубамара на популарноста дури од Јапонија ни дојде оперскиот пејач Казухиро Котецу кој е вљубеник во македонската песна и истата ја шири насекаде во светот. Токму поради тоа тој беше прогласен за Амбасадор на македонската култура.
Котецу беше пресреќен за наградата, па на публиката дури и се заблагодари на македонски јазик , а освен тоа го испеа и безвременскиот хит на Јонче Христовски „Ако умрам ил загинам“, при што во негова чест на крајот го вртеше и фрли своето палто на подот, онака како што тоа го правеше легендарниот пејач.
Фото: Дејан Тасевски