Skip to main content
Македонија

Јанкулоска: Секретарите се менуваат, идејата за ВМРО останува вечна

03/04/2026  21:34

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска преку објава на социјалните мрежи испрати порака дека кадровските промени во партиските структури не влијаат врз суштината на идејата и поддршката за партијата.

„Секретарите се менуваат, вечна е идејата и љубовта за ВМРО и за Македонија“, напиша Јанкулоска, нагласувајќи ја континуираната посветеност кон политичката организација.

Таа во објавата изрази благодарност и поддршка за актуелниот генерален секретар Драган Ковачки, посакувајќи му успешен мандат на новата функција.

Јанкулоска истакна дека, и покрај персоналните промени, останува силна поддршката и посветеноста кон ВМРО-ДПМНЕ и нејзините политики.