Skip to main content
Магазин

Јанковска: Сонцето влезе во Овен – започнува новата астролошка година

21/03/2026  23:16

Во најновата епизода на емисијата „Планетите зборуваат“ на 4TV, астрологот Наташа Јанковска зборува за Сонцето – една од најважните планети во наталната карта и симбол на животната енергија, идентитетот и личниот развој.

Повод за темата е астролошки значајниот момент кога Сонцето влезе во знакот Овен, што во астрологијата се смета за почеток на нова астролошка година. Овој период симболизира нови почетоци, иницијативи и лична трансформација.

Во емисијата беше објаснето дека Сонцето има клучна улога во секоја натална карта, но неговото значење варира во зависност од позицијата – односно знакот, куќата и аспектите што ги формира со другите планети.

Астрологот посочува дека токму поставеноста на Сонцето во одредена куќа од наталната карта открива важни аспекти од животот на поединецот – како што се личниот идентитет, целите, потенцијалот и начинот на кој човекот се изразува.

Сепак, беше нагласено дека секоја натална карта е единствена и дека за прецизно толкување е потребна индивидуална анализа, бидејќи симболиката на Сонцето може да се манифестира различно кај секој човек.

Емисијата понуди општ преглед на значењето на Сонцето, како и насоки за неговото влијание во различните куќи, со цел гледачите подобро да го разберат своето астролошко поставување и личниот развој.