Skip to main content
Спорт

Јанис со трипл-дабл ја реши драмата во Мајами

06/04/2025  10:24

Милвоки Бакс, по едно продолжение победи Мајами Хит со 121:115. Со оваа победа тимот од Висконсин обезбеди пласман во плеј-офот на НБА лигата, а апсолутен херој беше Јанис Адетокумбо.

„Грик Фрик“ оствари нов трипл-дабл, овојпат со 36 поени, 15 скока и десет асистенции.

Со тоа Адетокумбо му се закани на Никола Јокиќ во трката за МВП, а според некои проекции би можел да го загрози и неговото второ место на таа листа.

Натпреварто беше неизвесен до самиот финиш, а во последната минута беше 109:109.

Потоа Кајл Андерсон им донесе предност на домашните од линијата за слободни фрлања, но Брук Лопес обезбеди продолженија за Милвоки.

Во дополнителното време разликата ја направи серија на Милвоки од 8:0.

Покрај Јанис, 24 поени постигна Кевин Портер Јуниор, а на другата страна најмногу се истакна Бем Адебајо со 31 поен, 12 скока и пет асистенции.

Хит играа без Тајлер Хиро, Ендрју Вигинс и Кевин Лав.

Резултати:

Филаделфија – Минесота 109:114
Детроит – Мемфис 103:109
Мајами – Милвоки 115:121
Клиперс – Далас 135:104