Skip to main content
Македонија

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

23/03/2026  22:34

Министерката за образование Весна Јаневска повторно се најде во фокусот на јавноста по изјава дадена при денешната посета на Тетово.

На новинарско прашање дали со себе донела преведувач, Јаневска одговори дека тоа не ѝ е потребно.

„Не ми треба. Не знам кому му треба преведувач за во Македонија да знае македонски јазик“, изјави министерката.

Таа заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Тетово Билал Касами присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово.

Ова не е првпат Јаневска да добие вакво прашање. И во претходна слична ситуација таа посочи дека во Македонија има еден службен јазик и дека не гледа потреба од преведувач.

Изјавата повторно отвори прашања и реакции во јавноста околу употребата на јазиците и комуникацијата на институциите.