
Платите на наставниците ќе бидат повисоки. Оваа информација ја најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која напомена дека ова покачување на платите е согласно четиригодишниот договор со СОНК.
„Така како што сме се договориле, наставниците ќе добиваат зголемување на платата во сите четири години. Мартовската плата, која се исплаќа во април, ќе биде покачена за 7,5 проценти“, изјави Јаневска.
Покрај платите, министерката најави дека од понеделник на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) ќе бидат поставени три клучни закони кои треба да го трансформираат високото образование и научноистражувачката дејност во државата.
