Во моментот ги сместуваме сите пациенти од домот за стари лица, изјави градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев за пожарот во старечкиот дом во селото Чемерско (Општина Кавадарци). Според градоначалникот, сите пациенти веќе се транспортираат од селото накај Кавадарци. Пожарот настанал пред 10 часот.
Станува збор за повозрасни лица и во потешка состојба кои биле примени претходно, но и премрзнати кои во текот на пожарот биле евакуирани надвор. Дел од нив вдишале чад од пожарот.
-Сите пациенти ќе бидат прегледани и сместени во општата болница во Кавадарци. Немаме посериозни повредени, но, бидејќи станува збор за ризична категорија на лица, ги сместивме на топло и за да примат медицинска помош. Дел од мештаните помогнаа во евакуацијата, информира кавадаречкиот градоначалник.
Според РЦУК-Велес, на терен интервенирале 10 пожарникари со 3 противпожарни возила, а исто така имало и три медицински тима и две полициски возила со 8 полицајци