
Соочени сме со колапс на ЈП „Паркови и зеленило“ за вакво неработење, вие секој месец плаќате надомест за одржување на зеленилото пишува на социјалните мрежи градоначалникот на Карпоп Стевчо Јакимовски.
„Очигледно е дека оваа пролет целосно го изгубија здивот – не можат ни да го окосат зеленилото покрај булеварите и главните улици.
Пред 30 дена рекоа дека немаат бензин, па им дадовме. После тоа – се расипале косилките, немаат делови. Ние, иако не е наша надлежност, продолживме да ја косиме цела општина со наши капацитети.
Ги замоливме барем да ја соберат тревата – не направија ништо.
Но денешниот ден е врвот на апсурдот во мојата кариера!
Дел од бул. Теодосиј Гологанов и Адолф Циборовски е целосно запуштен, се јавуваат влекачи и крлежи. По реакција на граѓаните, замолив наши косачи да го средат просторот. Денес ми се јавува еден од нив и ми вели:
„Шефе, дојде инспектор од Град Скопје и ми бара лична карта ќе ме казнел што косам. Вели – тоа било нивно зеленило! Кажи ми, да му ја дадам личната? Да не му ја дадам? Или да го треснам со косилката по глава?!“
Искрено, за прв пат во животот немам одговор.
Ве молам за помош, драги Карпошани“ пишува Јакимовски.
Што да прави нашиот косач?
а) да се легитимира?
б) да одбие?
в) да го тресне инспекторот со косилка по глава?
Од срце ви благодарам однапред за поддршката.
Ваш,
Стевчо Јакимовски
Градоначалник на Општина Карпош