Skip to main content
Скопје

Јакимовски: Наместо со идеи, визија и програма, на терен излегоа со вреќи брашно

17/10/2025  18:00

Соопштение до медиумите од Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош

Срамно и недозволиво!
Денес, во населбата Злокуќани, сведочевме на слика која нè враќа триесет години наназад.
Високи претставници на власта, наместо со идеи, визија и програма, на терен излегоа со вреќи брашно.

Да, добро слушнавте – со брашно.

Од гаражи и куќи се делат вреќи од по триесет килограми како предизборен поткуп.
Со тоа, власта и нивниот кандидат го покажаа вистинското лице на нивната „понуда“ за граѓаните на Карпош.
Кога нема резултати, кога нема дела – останува само брашното.

Го прашувам премиерот:
Дали ова е вашата програма за инженерите, професорите, лекарите, пензионерите, домаќините?
Дали мислите дека достоинството на човекот вреди вреќа брашно?

Во Карпош, граѓаните не се купуваат – тие се почитуваат.
Карпош одамна ја надмина вашата „триесеткилна политика“.
Ние не делиме брашно – ние градиме водоводи, канализации, улици, фасади, училишта и градинки.

Ова не е само срам – ова е навреда на здравиот разум и на достоинството на секој човек.
Карпош е општина што мисли, што работи и што се бори со чесни средства.

Нема брашно што може да ја купи совеста на Карпошанец!
Срамота е, господа, да ја враќате Македонија во 90-тите години.
Карпош одамна замина напред.