Skip to main content
Магазин

Извонреден концерт на Влатко Миладиновски во Античкиот театар

08/08/2025  00:28

Античкиот театар во Охрид синоќа беше преполн со публика која имаше можност да ужива во извонредниот концерт на Влатко Миладиновски. Под ѕвезденото охридско небо, еден од највпечатливите вокали на македонската музичка сцена приреди вечер исполнета со емоции, енергија и беспрекорна изведба.

Миладиновски, придружен од одличен бенд и музичари, изведе репертоар кој ја опфати неговата солистичка кариера.