Skip to main content
Свет

Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

31/01/2026  17:55

Блокирани патници на жичница во Турција Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, близу Бурса, блокира 51 лице денеска околу 11 часот.

Десетици патници останале заглавени во кабините неколку метри над земјата. На терен интервенирале 96 спасувачи, пожарникари и медицински екипи, а сите патници биле безбедно евакуирани. Надлежните започнаа истрага за дефектот на жичницата, која е отворена во 1963 година и обновена во 2015 година.