Skip to main content
Македонија

Известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц на средби во македонското Собрание

25/02/2025  07:45

Европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент, Томас Вајц денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Вајц ќе оствари средба со раководството на коалицијата „Влен“, а ќе се сретне и со Иванка Василевска, копретседавачка на МПК – РСМ и ЕУ и со лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Австрискиот европратеник во октомври лани бешеименуван за нов известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија.

Тој доаѓа на местото на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој ја извршуваше оваа функција.