Skip to main content
Македонија

Извештај МЦМС: МВР е институција со најголема доверба меѓу граѓаните за справување со корупцијата

22/12/2025  14:44

Министерството за внатрешни работи ја споделува анализата од Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија 2025 подготвен од МЦМС, која покажува значајно зголемување на довербата на граѓаните во работата на МВР. Според извештајот, вкупната доверба во Министерството достигнува 50,3 %, што е значително повисоко од 33,9 % во 2023 година што е јасен индикатор дека мерките за транспарентност, отчетност и професионалност носат резултати.  
Дополнително, оцените на граѓаните за перцепцијата на корупцијата меѓу службениците покажуваат тенденција на намалување, што укажува на подобрена институционална дисциплина и успешни напори за намалување на коруптивни практики.  

„Јавноста исто така ги препознава МВР и Владата како институции со највисока доверба за справување со корупцијата, што ја зацврстува улогата на Министерството како кредибилен партнер во борбата за законитост и ред.  

Овие позитивни трендови мотивираат МВР да продолжи со интензивирање на реформите, активностите за едукација и отчетност, со цел уште повеќе да ја зголеми довербата на граѓаните во институцијата“ се наведува во соопштението на МВР.