Skip to main content
Македонија

Изречени казни од 40.000 евра – АХВ со вонредни контроли во маркетите

18/01/2026  16:19

Инспекциските служби на АХВ изрекоа 22 казни во вредност од скоро 40 илјади евра. Контролите се во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава.

Акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.

-Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека кај шест од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.

Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).