Skip to main content
Свет

Израелските демонстранти го повикаа Трамп да стави крај на војната во Појасот Газа

05/01/2025  13:21

Околу 1.500 Израелци се собраа денеска во Тел Авив на неделни антивладини протести, барајќи од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на војната во Појасот Газа и да овозможи враќање на израелските заложници.

Шахар Мор, внук на убиениот заложник Аврахам Мундер, во говор на англиски јазик го замоли Трамп „да престане да ја вооружува кампањата за одмазда во Газа“.

– Потребно ни е да се вратат заложниците. Поранешната администрација (САД) потфрли. Можете подобро – рече Мор.

Омри Лифшиц, синот на двајцата заложници, исто така му се обратил на Трамп на англиски јазик и побарал „сега да ја прекине оваа војна“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Некои од насобраните запалија факели и огнови скандирајќи „сите сме заложници на крвавата влада“.

Трамп претходно вети дека една од главните задачи на неговата администрација ќе биде да ја прекине војната во Газа и му се закани на Хамас дека ќе ги ослободи израелските заложници, наведувајќи дека во спротивно „ќе има последици“.