
Во следните неколку недели Израел ќе почне да дозволува дел од хуманитарна помош да влезе во Појасот Газа „за да се избегнат прекршувања на меѓународните прописи и можни правни проблеми за воените структури кои учествуваат во активните операции“, пишува порталот Унет.
Минатиот месец Израел го суспендираше влегувањето на хуманитарната помош во Газа откако Хамас одби да продолжи со новата, втора фаза од договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
„Нема глад или почеток на епидемија во Газа, но за околу 40-50 дена ќе дојдеме до ситуација магацините со храна да бидат празни. Минатата недела имаше инциденти кога жителите на окупираната палестинска енклава упаднаа во магацини со брашно и го префрлија на располагање на безбедносните извори на Хамас, изјави за Унет неименуван безбедносен извор.