Skip to main content
Свет

Израел ја прогласи границата со Египет за затворена воена зона

06/11/2025  17:36

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека и наредил на армијата да го прогласи граничното подрачје помеѓу Израел и Египет за затворена воена зона, со цел да се спречи шверцот на оружје со помош на дронови.

Тој додаде дека шверцот на оружје со дронови е „дел од војната во Појасот Газа и има за цел да го вооружи непријателот“.

– Мора да се преземат сите можни мерки тоа да се стопира, посочи Кац.